| Потпишан е договор за имплементација со Renault |
|
|
| Среда, 13 Јули 2011 07:00 |
|
Сигма-СБ потпиша договор со Renault групацијата за изработка и имплементација на специајлизирана апликација за управување со сервис на возила. Апликацијата треба да им помогне на концесионерите на автомобилскиот гигант од регионот: Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Бисна и Херцеговина, кои ги има повеќе од 30, да ги унифицираат и оптимизираат процесите во нивните сервисни оддели. Првата имплементација ќе се направи во Аутомотив Груп Скопје во тек на Октомври 2011 |
Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и губитоците и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании. За повеќе информации околу можностите кои ги даваат решенијата од Сигма-СБ и како да ги ставите во фукција кај Вас, Ве молиме да нé контактирате веднаш.